Со камен што зборува за животот, во Велес отворена изложбата „Memento vivere“

Во Ликовниот салон во Велес вчера беше отворена археолошката изложба на камени споменици „Memento vivere“, која пред публиката ја отвора богатата и слоевита приказна за минатото врежано во камен.

Преку внимателно одбрани археолошки предмети и фотографии, изложбата ги претставува најзначајните примероци од збирката камени споменици – архитектонски елементи, релјефи и камена пластика, кои сведочат за уметничката умешност и духовниот контекст на времето во кое настанале. Посебен акцент е ставен на периодот на римското владеење на овие простори, кој оставил длабоки и трајни траги во културното наследство на регионот.

Agria

Изложбата е дел од поширок процес на санација, конзервација и ревитализација на збирката камени споменици, со јасна визија – таа во иднина да прерасне во постојана музејска поставка. Со тоа, камените сведоштва од минатото ќе добијат нов живот и трајно место во културната мапа на Велес.

Автор на изложбата е д-р Анита Василкова Мидоска, кустос советник археолог, а проектот се реализира под покровителство на Министерството за култура и туризам, во рамките на Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес за 2025 година.

„Memento vivere“ ќе биде отворена за посетителите во текот на јануари и февруари 2026 година, а воедно ќе биде и увертира во големиот јубилеј – 80 години музејска дејност во Велес, со што изложбата добива дополнителна симболична тежина и значење.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: