(ФОТО) СВР Велес ги израдува најмладите со новогодишни подароци

Новогодишна дружба со најмладите жители на Велес, збогатена со подароци и едукативна средба, организираа полициските службеници од СВР Велес. Активноста се одржа денеска, 27 декември 2025 година, во Велес, каде децата беа пријатно изненадени со посетата на Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња.

Подароците беа обезбедени од вработените во СВР Велес, во соработка со општествено одговорна компанија од градот. Средбата беше искористена и за дружење со полициските службеници, при што децата поставуваа прашања за полициската професија и споделија дел од знаењата што ги стекнале претходно.

Agria

Во рамки на хуманитарната активност, полициските службеници го посетија и детското одделение при ЈЗУ Општа болница Велес. На дечињата кои моментално се лекуваат им беа поделени новогодишни пакетчиња, со желби за добро здравје, брзо оздравување и безгрижно детство.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: