Несовесно фрлен пепел запали контејнери на повеќе локации во Велес – апел за поголема одговорност

На неколку локации во Велес изминативе денови беа регистрирани пожари на контејнери за смет, предизвикани од несовесно одложување на пепел со неизгасната жар.

На 29 декември 2025 година, во 18 часот, била примена дојава за запален контејнер на улицата „Петре Прличков“, во близина на Стариот мост. Територијалната противпожарна единица Велес веднаш интервенирала со едно противпожарно возило и двајца пожарникари-спасители, при што пожарот бил навремено изгаснат и не се проширил.

Agria

Дополнително, пред два дена на улицата „Димитар Влахов“, од страна на несовесен граѓанин, бил запален пластичен контејнер за смет, повторно поради одложување на жежок пепел.

Од ЈКП „Дервен“ апелираат до граѓаните да не фрлаат пепел со жар во контејнерите за отпад, нагласувајќи дека ваквите постапки не само што предизвикуваат пожари и материјална штета, туку претставуваат и сериозна опасност по безбедноста. Пожар во товарниот дел на комуналното возило може да доведе до тешки последици, имајќи предвид дека возилата носат резервоари со околу 200 литри нафта и се движат низ населени места, што во екстремни ситуации може да резултира и со експлозија и човечки жртви.

Надлежните упатуваат апел и до сите граѓани – доколку забележат запален контејнер, веднаш да ја известат противпожарната служба или да се јават на дежурниот број на ЈКП „Дервен“, со цел навремена интервенција и спречување на поголеми последици.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: