Пациент почина од компликации од грип на Инфективната клиника

kovid bolnica

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Како што кажа директорот на Клиниката, Фадил Цана, лицето било донесено во тешка состојба и било со коморбидитети.

Ова е втор починат од грип годинава.

Agria

„Пациентот беше донесен со развиена масивна пневмонија и акутен респираторен дистрес синдром. Не бил вакциниран за сезонски грип, иако бил во групата на пациенти што требало да примат сезонска вакцина”, рече Цана.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 30-ина лица со грип, од кои еден е во потешка содтојба и е приклучен на механичка поддршка. Дневно на Клиниката има околу 100 прегледи на пациенти со грип, од кои, како што кажа Цана, повеќето се амбулантски случаи.

Од 5 до 11 јануари, во земјава имало 2.322 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 34,6% повеќе во споредба со претходната недела, кога имало 1.725.

Во сезоната 2025/26, вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 6.147. Во споредба со истиот период од минатата сезона (2.408), бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,6 пати, а во однос на моделот од последните 15 сезони (4.841), се бележи зголемување од 27%.

Заклучно со втората недела, во Македонија се вакцинирани 79.017 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.



Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: