Државата покажува дека координирана работа меѓу МВР, АНБ и Јавното обвинителство дава резултати во борбата против корупцијата, вели министерот Панче Тошковски откако во домот на родителите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов полицијата пронајде 350.000 евра, за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати, пренесува Телевизија 24.
Министерот нагласи дека расте довербата на граѓаните во МВР и дека резултатите се видливи во бројот на откриени кривични дела од корупција. Во 2025 година се откриени 290 кривични дела и 678 сторители, што е раст од околу 130% споредено со 2023 година. Штетата за буџетот достигна 380 милиони евра во 2025 година, 66 пати повеќе отколку во 2023 година.
Тошковски посочи дека успехот е резултат на координирана работа на сите институции вклучени во откривање ваков криминал.



















