Пратениците одлучуваат за Законот за сообраќајни прекршоци „Безбеден град“

Собранието денеска ќе ја продолжи 76. седница, на чиј дневен ред е гласањето за Предлог законот за изменување и дополнување на законот за прекршоците, последниот закон потребен за од 1 февруари да профункционира системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“.

Потребната поддршка од двотретинско мнозинство за законот за кој е завршена расправата, беше обезбедена на лидерската средба. Само опозициската СДСМ најави дека нема да гласа за измените на законот.

Agria

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: