Државата наплати над 2 милиони денари данок за донациите кои ги обезбеди „Сапорт Кочани“

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ собрале 22 742 997 денари од донации, за кои државата им наплатила персонален данок од вкупен износ од 2 274 285 денари.

Оттаму соопштија дека ја реализирале третата и последна распределба на донации за погодените во пожарот во кочанското т.н. кабаре „Пулс“.

Agria

Третата распределба вклучува донации од Македонската православна епархија за Европа, кои донирале 3 153 204 денари.

„Сè со цел да се придонесе секаде, но да се помогне таму кај што е најпотребно, тие одлучија 123 лица да добијат по 15 968 денари, додека 19 лица да добијат по 45 992 денари. Во оваа прилика мораме да се заблагодариме на НЛБ банка коишто беа љубезни да нè ослободат од провизија, додека мораме да напоменеме дека данокот за оваа донација изнесува 315 292 денари. Вкупниот данок одземен од државата за сите три распределби од заедничката сметка изнесува 2 274 285 денари. Ви благодариме на сите за хуманоста и за сите донации“, соопштија оттаму.

Во пожарот во „Пулс“ животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Веднаш по трагедијата се формира и граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: