Тошковски: Се проверува точноста на мерењето на брзината, отстапувањата се минимални

На една недела пред официјалното пуштање во употреба на камерите на „Сејф сити“, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека денеска бил на една од локациите каде што се калибрираат камерите и увидел минимални отстапки при проверките на точноста на мерењето на брзината.

„Во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот. Во првата фаза камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на т.н. црни точки“, објави Тошковски.

Agria

Тој повторува дека целта на системот е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.

„Овој систем не гледа кој сте, туку што сте направиле. Тој не познава имиња, функции или позиции туку евидентира исклучиво прекршок. Законот важи еднакво за сите и само на тој начин ќе постигнеме поголема сообраќајна дисциплина и повеќе спасени човечки животи“, соопшти министерот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: