СКСМ: Блокадите на граничните премини не се решение

Според стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), проблемот со примена на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот транспорт треба да се бара исклучиво преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот.

Од таму велат дека блокадите не може да бидат решение, бидејќи ако се наруши протокот на стоки на граничните премини со ЕУ само еден ден, а не дури седум дена, какви што се најавите, губитници не се само транспортерите во меѓународниот патен сообраќај, туку сите деловни субјекти кои се вклучени во надворешно трговската соработка.

Agria

„Засега никој не може да каже колкави ќе бидат загубите, велат од стопанската комора и истакнуваат дека тие ќе бидат по повеќе основи: пенали за задоцнета испорака, откажување на договори, намалено производство, нереализиран извоз, неможност за навремено производство поради недостаток на суровина итн., но сигурно е дека загубите ќе бидат од големи размери, што не е во ничиј интерес“, велат од стопанската комора.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: