Сојузот на синдикатите на македонија (ССМ) повикува на протест в среда на 28 јануари пред Работнички дом во Скопје, со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра. Слободан Трендафилов ги повика работниците да не се плашат и да се приклучат, нагласувајќи дека ова е борба за достоинството и правата на трудот.
„Овој протест е за твојата плата, затоа што ако не ти, кој друг ќе се бори за твојата плата“, пишува Трендафилов во отвореното писмо до работниците.
Протестот ќе продолжи пред собранието, Стопанската комора и владата, со порака дека само заедно може да се промени неправдата и да се обезбедат пристојни примања за работниците и нивните семејства. Додека власта и газдите одбиваат да ги зголемат платите, работниците се повикуваат да застанат заедно и да ја искажат својата сила.

















