Македонските превозници се повлекоа од блокадите

По четири дена застој, прекуграничниот товарен транспорт постепено се нормализира, откако македонските превозници ги повлекоа блокадите. Одлуката беше донесена на состанок на Кризен штаб на „МАКАМ-Транс“, по најавата од Европската комисија дека со новата стратегија за визи ќе се решава проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.

Министрите за транспорт од Западен Балкан во вторник ќе одржат средба со претставници на ЕК за изнаоѓање решение.

Agria

Блокадите беа започнати поради новиот систем за контрола на влез и излез во ЕУ, за кој превозниците тврдат дека предизвикува економски штети и депортации.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: