Откако Владата не го потпиша колективниот договор за повисоки плати, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) преминува на радикални чекори. Претседателот Слободан Трендафилов најави дека првата блокада ќе се случи во вторник, на 10 февруари, пред Собранието. Целта е јасна: на пратениците нема да им биде дозволен влез со автомобили, а со тоа ќе останат и без патни трошоци за тој ден.
!На 10 февруари, кога е закажана седница во Собранието, ќе ги блокираме пратениците. Нема да можат да наплатат патни трошоци, а ќе мора да поминат покрај работниците и да објаснат зошто го чуваат предлогот на ССМ во фиока“, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Борбата продолжува на 12 февруари со блокада на работодавачите, а на 17 февруари „под опсада“ ќе биде и Владата. ССМ е дециден: бараме минимална плата од 600 евра и линеарно покачување од 100 евра за сите – во спротивно, следен чекор е генерален штрајк.
















