По пријава од физичко лице, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе на терен на трасата каде се изведуваат работи за изградба на гасовод и безбедно беа отстранети шест артилериски гранати со калибар од 75 милиметри.
Како што информира ДСЗ, интервенцијата беше извршена од страна на пиротехничар од ДЗС – Зоран Пеeв од Штип.
– Станува збор за гранати од периодот на Првата светска војна, заостанати од Солунскиот фронт. Пронајдените експлозивни направи беа транспортирани на безбедна локација и пренесени на полигонот Криволак, каде што ќе бидат уништени согласно пропишаните безбедносни процедури, соопшти ДЗС.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека со навремената пријава и брзата реакција е избегната потенцијална опасност по безбедноста на граѓаните и работниците ангажирани на терен.
















