Македонска вечер во рамки на програмата „Heritage Nights“ се одржа вчера во Litttle Caesars Arena во Детроит Пистонс и Денвер Нагетс. Настанот најмалку 600 македонци и претставуваше значајна промоција на македонската култура и идентитет во Соединетите Американски држави.
Настанот беше реализиран во организација на црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ од Детроит, на чело со Управниот одбор и свештениците архирејскиот заменик протоставрофор Синиша Ристовски, родум од тетовско Јегуновце, и архиерејскиот намесник протоереј, Драган Јорданов родум од Велес. Покрај нив, во организација учествуваа и неделното училиште, македонскиот ателетски клуб, како и КУД – Танев од Детроит.

Гледачите во арената имаа можност одблиску да се запознаат со македонската култура, традиција и фолклор. Настанот беше збогатен со живописни македоснки ора и песни, кои создадоа прекрасна атмосвера и ја приближија македонската култура до пошироката американска јавност.
Посебен емотивен момент на вечерта беше учеството на македонски дечиња од сите краишта на нашата татковина, меѓу кои и десетици деца кои потекнуваат од Велес. Тие имаа ретка можност да стојат рамо до рамо со НБА ѕвездите, меѓу кој и еден од најдобрите кошаркари на денешницата Никола Јокиќ. Секое од дечињата доби дрес на Детроит Пистонс како поклон, што што го направи искуството понезаборавно.

Натпреварот заврши со победа на Детроит Пистонс 124-121 Денвер Нагетс.
Македонската вечер во Детроит уште еднаш ја потврди активната улога на македонската дијаспора во зачувувањето и промоцијата на македонскиот идентитет надвор од татковината. Црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ има особено влијание во ова, како духовен и културен столб за зачувување на македонските традиции и вредности меѓу генерациите во дијаспората.
















