Велес меѓу најхуманите, 3.802 крвни единици собрани за една година

Општинската организација на Црвен крст Велес во 2025 година оствари исклучителни резултати во областа на крводарителството, надминувајќи го годишниот план за повеќе од двојно. Во текот на годината биле собрани вкупно 3.802 крвни единици, со што планираните 1.860 единици се реализирани со 204,4 проценти.

Активностите се реализирале согласно Законот и Статутарните задачи на Црвениот крст на Република Северна Македонија, како и годишната програма за работа, во тесна соработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ „Општа болница“ Велес. Основната цел – навремено и континуирано обезбедување доволни количини крв за велешката болница и клиниките во Скопје – била целосно исполнета.

Agria

Во текот на 2025 година биле организирани 28 крводарителски акции на терен, на кои се собрани 1.568 крвни единици, додека останатите 2.234 дарувања се реализирани преку самоиницијативни дарители во одделението за трансфузиона медицина во Велес и во околните болници. Од вкупниот број дарувања, 889 се од жени, а 561 од лица кои за првпат дарувале крв, што укажува на постојан прилив на нови крводарители.

Во споредба со 2024 година, бројот на собрани крвни единици е помал за 24, но и покрај тоа се задржува континуитетот и високото ниво на крводарителска активност. Според оценките, одѕивот на граѓаните на акциите е најголем во последните дваесет години.

Krvodaritelska akcija 2023
smart

Како најуспешни се издвојуваат двете акции реализирани со поддршка на Мото клубот „Носачи на крстот“, на кои биле собрани вкупно 383 крвни единици, како и акциите во Општина Градско, со вкупно 395 единици. Посебно внимание привлекоа и акциите по повод Денот на Општина Велес и Денот на Општина Градско, каде што беа собрани по 200 крвни единици.

Во 2025 година за првпат беше организирана и крводарителска акција во населеното место Горно Јаболчиште, што се оценува како значаен чекор кон рамномерен развој на крводарителството и проширување на мрежата на дарители.Krvodaritelska akcija kasarna septemvri 2024

Во текот на годината беа доделени и над 200 признанија за 5, 10 и 25 дарувања, како и јубилејни признанија за крводарители со 50, 75 и 100 дарувања, на свеченост по повод 17 Март – Денот на Црвениот крст и крводарителството во Македонија.

И покрај одличните резултати, од Општинската организација укажуваат на предизвиците со кои се соочуваат, како намалениот контакт со крводарителите поради укинувањето на акциите во работните средини и ограничените денови за дарување крв во велешкото одделение за трансфузиологија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: