Без возачка, ама зад волан, тројца приведени во Велес, возилата одземени

Policija kontrola

Во текот на вчерашниот ден (06 февруари 2026 година), полициските службеници од СВР Велес реализирале три одделни интервенции во сообраќајот, при што биле лишени од слобода три лица кои управувале патнички возила без да поседуваат возачка дозвола.

Првиот случај е евидентиран во 12:05 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, кога било сопрено патничко возило „матиз“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.К. (54) од Велес. При контролата било утврдено дека возачот нема возачка дозвола, по што по насоки на јавен обвинител бил приведен, а возилото одземено.

Agria

Вториот случај се случил во 19:40 часот на магистралниот пат Езеро Младост – Велес. Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции сопреле патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (22) од Велес, кој исто така возел без возачка дозвола. И во овој случај, лицето било приведено, а возилото одземено.

Третата интервенција била реализирана во 21:50 часот на улицата „Петре Прличко“ во Велес, кога полициски службеници сопреле „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Г. (30) од Скопје. Контролата покажала дека и тој управувал возило без соодветна дозвола, по што бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а возилото одземено.

По целосно документирање на сите случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: