Од Народната банка на Македонија соопштуваат дека заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем остануваат стабилни и отпорни дури и при економски шокови.
Во декември 2025 година, вкупните депозити достигнаа 445 милијарди денари, што претставува годишен раст од 12%, додека од периодот на пандемијата наваму се зголемени за над 50%.
Засилен раст се забележува кај денарските и долгорочните депозити, кои достигнуваат 55% од денарските и 33,5% од долгорочните депозити.
Банкарските депозити остануваат најзначајниот и најсигурен облик на штедење, со учество од околу 60% во финансискиот имот на домаќинствата, по што следат приватните пензиски фондови со околу 25% велат од НБРМ.

















