Од полноќ цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар, а на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 73 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 75 денари за литар. Цената на дизелот ќе биде 68 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 67 денари за литар.

















