Сообраќајот на автопатот А1 на релација Скопје – Велес е целосно нормализиран и се одвива во двете коловозни ленти, информираат од Авто-мото сојуз на Македонија.
Од Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Македонија пат информираат дека е расчистен одронот на автопатот Скопје – Велес, во близина на наплатната станица „Сопот“, и состојбата е вратена во нормала.
Надлежните апелираат до возачите на зголемена внимателност и прилагодување на брзината согласно условите на патот, особено на делницата каде што сè уште траат активности за расчистување и обезбедување на теренот.
















