Втора кривична за поранешниот градоначалник на Росоман, половина милион денари од буџетот завршиле за личен долг

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против С.Н. (29) од Росоман, поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Според информациите, во периодот од август 2024 до септември 2025 година, пријавениот во својство на градоначалник на Општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на своето службено овластување. Притоа, од Буџетот на Општина Росоман биле противправно прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за подмирување на негов личен долг, со што била нанесена штета на општинската каса.

Agria

Ова е втора кривична пријава за поранешниот градоначалник во период од околу пет месеци. Претходно, против него беше поднесена кривична пријава бидејќи, во својство на градоначалник на Општина Росоман, дозволил без Решение за реконструкција, односно без Одобрение за изградба на линиски инфраструктурни објекти, спротивно на одредбите од Законот за градење и без Основен проект – фаза градежништво – да се отпочне со реконструкција, односно промена на сообраќајниот режим на влезот во Росоман, без соодветна документација.

 

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: