Над еден тон небезбедна храна е уништена по извршени инспекциски контроли во продавници за здрава храна, соопшти Агенција за храна и ветеринарство.

Илјада и десет килограми небезбедна храна уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, соопшти АХВ.

Од нив, 14 воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.

Agria

„За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра“, информира АХВ.

Понатаму, девет оператори имале незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај седум била пронајдена храна со поминат рок на употреба, а кај двајца – најдена била и храна со непознато потекло.

„Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, стои во соопштението на АХВ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: