Артан Груби уапсен на Блаце

Утрово Министерството за внатрешни работи го уапсило поранешниот прв вицепремиер Артан Груби на граничниот премин Блаце, објави веб-порталот „Лидер“.

Груби, кој беше дел од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за „проневера во службата“ поврзана со случајот во Државна лотарија. Според наводите, тој заедно со Перпарим Бајрами е осомничен за криминал тежок околу 8 милиони евра, поврзан со набавка на ВЛТ апарати.

Agria

Како раководител на владина седница, Груби го одобрил барањето за набавка на апаратите, иако, според обвинувањата, знаел дека јавната набавка е незаконска и дека Државна лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.

Но, ова не е единствениот сомнителен сегмент од работењето на Лотарија. Ревизорските наоди покажале дека над 180 милиони денари, односно близу 3 милиони евра, се покриени со спорна, невалидна или неуредна документација, за што одговорност се лоцира кај тогашното раководство.

Дополнително, со владина одлука со која раководел Груби, било отуѓено државно земјиште на фирма поврзана со сопругата на поранешниот премиер Димитар Ковачевски за изградба на фотоволтаици, по цена од 70 денари за метар квадратен.

Артан Груби од 9 декември 2024 година се наоѓа и на „црната листа“ на САД поради, како што е наведено, „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси“.

Од надлежните институции се очекуваат повеќе детали за апсењето и понатамошната постапка.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: