Полицијата продолжува со засилени контроли во сообраќајот, а од стартот на законските измени речиси секојдневно се евидентираат возачи кои управуваат возило и покрај изречена забрана. На 23 февруари 2026 година во 21:30 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.К. (61) од Велес.
При сообраќајна контрола бил запрен патнички автомобил „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 61-годишникот, при што било утврдено дека возилото го управувал иако му била изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, а возилото одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















