22 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

На денешен ден во 2004 година, во авионска несреќа близу Мостар-Б и Х, животот го загуби вториот претседател на Македонија, Борис Трајковски, заедно со членовите на неговиот кабинет, обезбедувањето и екипажот на авионот „ Кингер“.

Zito baner

По тој повод денеска се очекува бројни делегации да положат свежо цвеке на гробот на Трајковски, но и на неговите спомен – обележја во Струмица и Ротимље.

Agria

Владиниот „Кингер“ со кој Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо, кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар.  Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето.

Според првата истрага што ја водеа  македонски и босански органи, причина за уривањето на авионот се пропусти на екипажот, направени во процедурата за приоѓање на аеродромот во Мостар, во услови на густа магла и облачност. Па, на барање на македонските власти и по собирање на дополнителните докази од  македонската полиција, беше отворена нова истрага во јануари 2013 година. Неа ја водеше меѓународен тим. А,  во нивниот извештај, како клучни причини за несреќата беа наведени грешки на екипажот и системски пропусти.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: