Кумановец измамен преку социјални мрежи, 43.750 евра „испарија“ во крипто зделка

pari - evra

Измама поврзана со тргување со криптовалути е пријавена во СВР Велес, откако 48-годишен жител на Куманово останал без 43.750 евра, верувајќи дека купува крипто средства.

Според информациите од пријавата, на 26 февруари 2026 година околу 20:00 часот, оштетениот случајот го пријавил во полиција, наведувајќи дека претходно објавил оглас на социјална мрежа за откупување на криптовалута. Набргу потоа, преку друга социјална мрежа стапил во контакт со лице со кое се договориле трансакцијата да се реализира во крипто менувачница во Велес.

Agria

Според договорот, тој требало да уплати готовина, а за возврат да добие крипто средства на својата дигитална адреса. Кумановецот ги предал 43.750 евра на лице вработено во менувачницата, по што му било кажано дека средствата се испратени на наведената адреса.

Но, криптовалутата никогаш не пристигнала. Лицето со кое комуницирал во меѓувреме го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирало неговиот телефонски број, како и бројот на менувачницата. Тогаш оштетениот сфатил дека станува збор за измама.

За настанот е известен јавен обвинител, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: