Нови цени на горивата – поскапуваат бензините

benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.

Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Agria

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Нови цени на горивата – поскапуваат бензините

Од полноќ промени во цените на горивата во Македонија

 20 прегледи

Фото: Принтскрин

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.

Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)

-Мазут М-1 НС 35,542 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.

Глобалните цени на нафтата пораснаа откако најмалку три брода беа нападнати во близина на Ормускиот теснец, додека Иран ги продолжува своите напади низ Блискиот Исток како одговор на континуираните воени дејствија од страна на САД и Израел.

Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец, стратешки премин низ кој се транспортира околу 20 проценти од светската нафта и гас.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: