Со 2,43 промили алкохол зад волан, 45-годишен велешанец лишен од слобода

veleska policija soobrakajci

На 02.03.2026 година во 20:00 часот, на улица „8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Ј. (45) од Велес, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал возило под дејство на алкохол.

При контролата било сопрено патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Ј. По преземените мерки било констатирано дека возачот бил во алкохолизирана состојба, при што му биле измерени 2,43 промили алкохол во крвта.

Agria

По насоки на јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица, додека возилото било привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: