Со „форд“ влетал во бетонски скали во Велес, 77-годишен возач со тешки повреди

Policija oznaka

Вчера сообраќајна несреќа е пријавена во СВР Велес, откако патничко возило излетало од коловоз и удрило во бетонски скали од куќа на улица „Сараевска“ во Велес.

Според информациите од полицијата, на 03.03.2026 година во 09:40 часот било пријавено дека патничко возило „форд ескорт“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н. (77) од Велес, удрило во бетонски скали од куќа.

Agria

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот А.Н., кои биле констатирани во Градската општа болница во Велес, каде што му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес, а причините за несреќата се утврдуваат.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: