Србија го запре извозот на горива до 19 март

benzin-gorivo

Владата на Србија, на вонредна седница утрово, донесе одлука за забрана на извоз на нафта и сите нафтени деривати за погон на мотори.

Одлуката важи до 19 март, а главна цел е заштита на домашниот пазар од недостиг и зголемување на цените.

Agria

Министерката за енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, појасни дека ова е неопходен чекор поради драстичните нарушувања на светските берзи.

„Суштината е да го заштитиме нашиот пазар од недостиг и енормни скокови на цените. Србија во моментов ги држи цените на дериватите под нивната реална берзанска вредност и сакаме тоа да го одржиме“, изјави министерката.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: