Пожар кај Градскиот пазар во Велес, огнот бил во стан, првично се мислеше дека гори „Нептун“

Пожарот кој утрово беше пријавен во близина на Градскиот пазар во Велес, всушност избувнал на надворешна единица од клима уред поставена на последниот кат од зградата во овој дел од градот.

Поради локацијата на објектот, каде во приземјето се наоѓа продавницата за бела техника „Нептун“, првично се создаде впечаток дека огнот избувнал токму во продавницата.

Agria

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Велес брзо интервенирале и за кратко време го изгаснале пожарот. Засега нема информации за повредени лица, а причините за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: