Пет години затвор за девојката која усмрти велешанец, избегала во Германија, ќе биде екстрадирана

SVR Veles policija

Петгодишна затворска казна доби Викторија З., која предизвика тешка сообраќајна несреќа на патот Росоман – Кавадарци, во која животот го загуби 40-годишниот Марјан Петровски од Велес, објави Скопје1.

Според информациите, несреќата се случила кога обвинетата управувала возило во спротивен правец, при што директно се судрила со автомобил во кој се наоѓал Петровски, кој починал од здобиените повреди. Во возилото имало уште две лица.

Agria

Судот утврдил дека таа не возела внимателно и со тоа ја предизвикала несреќата, но анализите не покажале присуство на алкохол или опојни супстанции. Во моментот на несреќата, Викторија имала 18 години, а пресудата во меѓувреме станала правосилна, откако не била поднесена жалба до Апелациониот суд.

Дополнително, таа во ноември минатата година ја напуштила државата и избегала во Германија, каде што е уапсена. Според најавите, ќе следи нејзина екстрадиција за издржување на затворската казна. Претходно, за случајот била распишана и потерница, откако обвинетата станала недостапна за органите на прогонот.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: