На 30 март започнува судењето за Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана Јовановска, која со 6-годишната ќерка скокна од балкон во скопската населба Карпош.
Јовановски е обвинет за телесни повреди како продолжено семејно насилство, загрозување на сигурноста и помагање во самоубиство. Според обвинението, тој подолг период ја малтретирал Ивана психички и физички, заканувајќи ѝ се дека ќе ја избрка и ќе ѝ го одземе детето. Кобниот ден, по нов бран насилство и закани, таа се вратила во станот за да се спакува и да замине, но, според обвинението, психичката состојба во која се наоѓала довела до трагичниот чин.
Јовановски во моментов се наоѓа во притвор.

















