Определeн притвор од 30 дена за уапсениот Анакиев

policija lisici

Кривичниот суд експресно го прифати барањето на јавното обвинителство. На приведениот директор на Дражвниот инспекторат за земјоделство муи определи мерка притвор во траење од 30 дена против В.А. по сите три основи – опасност од бегство, влијаие врз сведоци и опасност да го повтори делото.

Во барањето до Судот да определи мерка притвор, Обвинителството навело дека според досега обезбедените докази, осомничениот во периодот од почетокот на месецот до неговото апсење, како службено лице, директно побарал значителна имотна корист за да влијае врз службени постапки поврзани со увоз на стока.

Agria

Тој, како што велат од ОЈО ГОКК, вршел притисок врз други службени лица да не дозволат увоз на стока за одредена фирма, иако таа претходно повеќепати била увезувана. Како образложение било наведено дека стоката не ги исполнува законските услови, поради што таа со денови останала блокирана на граничен премин.

Откако увозникот побарал дополнително објаснување, осомничениот, според истрагата, започнал со барање поткуп. На средба со шпедитерот и оштетениот, директно побарал 50.000 евра како прва рата, со договор останатите средства да бидат исплатени дополнително за идни увози.

Парите биле предадени преку посредник – шпедитер, кој остварил средба со осомничениот, по што било извршено примопредавањето. Веднаш потоа, полицијата го лишила од слобода.

Обвинителството оценува дека постојат околности кои го оправдуваат барањето за притвор и до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување на оваа мерка.

Истрагата продолжува, а се испитува и евентуална поширока инволвираност во случајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: