Празникот Младенци – симбол на слога, здравје и долг брачен живот

Momce i nevesta

Денес, се одбележува празникот Младенци, поврзан со споменот на Светите четириесет маченици и со стар обичај да се честита и дарува млад брачен пар што се венчал во изминатата година. Во народната традиција, токму младоста на страдалниците се врзува со пожелбата за здравје, слога и долг заеднички живот на новите сопружници.

Во многу домови празникот се доживува како „слава“ на младите брачни парови: се примаат гости, се разменуваат честитки и се носат подароци што симболично треба да го олеснат секојдневието на семејството. Намерата не е раскош, туку добрина и поддршка – знак дека заедницата стои зад новиот дом.

Agria

Најпрепознатливиот и најзачуван обичај е подготовката на обредните колачиња – „младенчиња“. Во традицијата, невестата ги подготвува и им ги подарува на гостите, а самите колачиња се сметаат за симбол на сладок, среќен и долготраен живот во брак.

Бидејќи Младенци секогаш паѓаат во периодот на Велигденскиот пост, трпезата што се подготвува за гости, според обичајот, треба да биде посна. Во народното верување, посната гозба се врзува со желбата за здравје и напредок на младите сопружници и нивните идни деца, па токму овој „услов“ се смета за еден од најважните детали на празникот.

Со празникот се поврзува и старо набљудување на природата: според верувањето, времето на Младенци навестува какво ќе биде времето во текот на пролетта. Во обичајниот календар, пак, овој ден се врзува и со првото користење „младо“ зеленило – мед, варена коприва и зелје – како симболичен повик за обновување и сила по зимата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: