Регулаторна комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто, при што најголемо поевтинување има кај бензините, додека дизелот останува со непроменета цена. Одлуката стапува на сила од 31 март од 00:01 часот, а како клучна мерка за амортизација на ценовните шокови на светските пазари, Комисијата го намали и трошокот за складирање од 1,70 на 1,20 денари по литар.
Согласно новата одлука, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2,50 денари и ќе се продава по 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3 денари и ќе чини 85,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета и изнесува 95,50 денари за литар.
Кај останатите деривати, екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе се продава по 92,50 денари за литар, додека мазутот поевтинува и ќе изнесува 50,410 денари за килограм.

















