Анализа по трагедијата во Кочани: Регистрирани психолошки последици кај повредените

Protest Kocani

Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици – потенцира проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје.

Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници што биле лекувани во рамките на третманот на лузни со PDL (pulsed dye laser) на Универзитетската клиника за дерматологија.

Agria

Резултатите покажуваат дека кај една третина од испитаниците е регистрирана анксиозност, 27,5 проценти имаат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6 процент се соочуваат со депресија – се наведува во денешното соопштение на Клиниката за психијатрија.

Истражувањето било спроведено во периодот од јануари до март 2026 година и ќе биде дополнително истражувано со цел, како што се додава во соопштението, да се добијат научно верификувани податоци за психолошките последици од една од најтешките трагедии во поновата македонска историја.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: