Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија.
Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се наведени во јавниот оглас, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана.
– Министерството ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност, да работат во служба на татковината и да бидат дел од Армијата која нуди стабилна и сигурна кариера, континуирана обука и личен развој, развој на тимски вештини и вистински вредности, стои во соопштението од Министерството за одбрана.
Јавниот оглас трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување.
Деталите можат да се најдат на следниот линк: https://mod.gov.mk/mk-MK/oglasikonkursi/javni-oglasi

















