(ГАЛЕРИЈА) Од борбени возила до службени кучиња: Атрактивен настан на Армијата во Велес

Во Градскиот парк во Велес денеска се одржа настанот „Професионалци и сојузници: Армијата за граѓаните“, на кој бројни посетители имаа можност одблиску да се запознаат со дел од опремата, возилата и способностите на Армијата.

Настанот, организиран по повод одбележувањето на Денот на НАТО, Денот на Првата пешадиска бригада и Денот на Командата за обука и доктрини, привлече голем интерес кај велешани од сите генерации.

Agria

Граѓаните имаа можност да разгледаат воена опрема и борбени возила, како и да разговараат со припадниците на Армијата, кои секојдневно се грижат за безбедноста на државата. Посебно внимание предизвикаа демонстрациите на боречки и гардиски вештини, како и презентацијата на активностите и обуките на Воената академија.

Најмладите посетители уживаа во интерактивните содржини, каде имаа можност да се фотографираат, но и да присуствуваат на атрактивната показна вежба со службени кучиња, која беше еден од најинтересните делови од програмата.

Настанот беше организиран во неколку тематски зони, со цел посетителите на едно место да добијат целосна слика за работата, опремата и капацитетите со кои располага Армијата, a со овој вид на активности, Армијата продолжува да ја зајакнува врската со граѓаните, отворајќи ги своите врати и приближувајќи ја својата мисија до јавноста.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: