Одбојкарите на ОК „Борец“ Велес со пораз ја отворија финалната серија за шампионската титула, откако на гостувањето кај ОК „Штип УГД“ претрпеа убедлив пораз од 3:0 во сетови (25:15, 25:22, 25:17).
Иако резултатот изгледа убедливо, велешани имаа свои моменти, особено во вториот сет, каде што успеаја да внесат неизвесност и да се доближат до противникот. Сепак, лидерот во првенството ја потврди фаворитската улога и во текот на целиот натпревар ја контролираше играта и резултатот.
Домашниот состав беше предводен од расположените Задмард со 15 и Илиев со 13 поени, додека кај Борец најрасположен беше Оливера со 14 поени, а Бастос додаде уште девет.
Сега фокусот на Борец се префрла на вториот натпревар, кој ќе се одигра в понеделник од 20 часот во Велес, каде што велешани ќе имаат шанса пред своја публика да израмнат во серијата и да ја вратат неизвесноста во битката за титулата.

















