Ветераните на Борец Велес со сигурна и заслужена победа го отворија новото издание на Државната лига на ветерани за 2026 година, потврдувајќи дека и оваа сезона ќе бидат сериозен конкурент за највисок пласман.
На 19 април, во малата сала на спортската сала во Гевгелија, се одигра првиот турнир од првото коло, каде беа одиграни вкупно три натпревари. Најголемо внимание привлече настапот на велешани, кои со максимални 2:0 го совладаа составот на Скопје.
Борец Велес триумфираше со 30:28 во неизвесниот прв сет, покажувајќи смиреност во клучните моменти, додека во вториот сет со 25:19 рутински ја потврди победата и освои значајни бодови на стартот од натпреварувањето.

Во останатите натпревари, Гевгелија беше поразена од 11 Октомври Прилеп со 1:2 (21:25, 30:28, 07:15), додека Шкендија со 2:0 (25:21, 25:20) беше подобра од Тетово.

















