Борец Баскет вечерва на „сè или ништо“ против Струмица 2001 во „Гемиџии“

Вечерва со почеток од 19 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, екипата на Борец Баскет го игра можеби клучниот натпревар сезонава – вториот дуел од плеј-оф разигрувањето во Првата кошаркарска лига за пласман во Супер лигата.

Противник е екипа на Струмица 2001, која во првиот натпревар одигран во саботата славеше со 77:65 и поведе во серијата. Тоа значи дека велешани вечерва немаат право на кикс, победа носи израмнување и продолжување на борбата, додека пораз ќе значи крај на сезоната за Борец Баскет.

Agria

Влогот е огромен, особено ако се знае дека полуфиналните и финалните серии се играат на два добиени натпревари, што дополнително ја зголемува тежината на овој дуел за домашниот состав.

Од таборот на Борец Баскет упатија јасна порака до навивачите, трибините на „гемиџии“ да биде исполнети до последно место. Поддршката од трибините може да биде клучниот фактор што ќе им даде дополнителна енергија на кошаркарите во обидот да се избори мајсторка и да се задржи сонот за влез во Супер лигата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: