Повеќемина уапсени за лажен ботокс, меѓу нив доктори и сопственици на приватни клиники

doktori

Под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР спроведуваат координирана акција за сузбивање на илегален увоз и дистрибуција на медицински средства наменети за естетски зафати.

Според информациите од ОЈО ГОКК, во тек се интензивни претреси на повеќе локации низ државата. Акцијата е резултат на постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела – злосторничко здружување, повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма и примање поткуп.

Agria

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во рамки на акцијата, по претходна судска наредба, се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.

Во рамки на акцијата беа уапсени повеќе лица. дел од нив се вработени како доктори на скопските клиники и се сопственици на дерматолошки ординации.

Станува збор за истрага во која постојат основи на сомневање за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, како и „примање поткуп“.

„До овој момент се обезбедени повеќе лица, но поради обемот и сериозноста на случајот, акцијата се проширува со нови претреси и приведување на други инволвирани лица“, соопштуваат од Обвинителството.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: