Борец немаше одговор, Штип УГД со „метла“ до историска титула

Одбојкарите на Штип УГД испишаа историја во македонската одбојка, освојувајќи ја шампионската титула по убедливиот триумф над  Борец Велес со 3:0 (25:18, 25:18, 25:16) во третиот натпревар од финалната серија во Првата лига – мажи.

Zito baner

Иако велешани влегоа со желба да го продолжат финалето, Борец повторно не најде решение за разиграниот противник од Штип. Гостите имаа целосна контрола врз играта, доминираа во сите сегменти и со минимален број грешки рутински го приведоа мечот во своја корист.

Agria

Со оваа победа, штипјани ја затворија финалната серија со максимални 3-0, оставајќи го Борец без ниту еден триумф во битката за титулата. Уште поимпресивно за новиот шампион е што ова беше нивна седма победа во исто толку меѓусебни дуели сезонава против велешкиот состав.

За Борец, и покрај поразот, останува утехата што беше дел од големото финале и што во текот на сезоната прикажа борбеност и квалитет, но во клучните моменти едноставно налета на расположен и подобар противник.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: