Од денес на пладне ќе има прекин на системот „Мој ДДВ“, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП). Прекинот во работата, додаваат од УЈП, е поради планирани активности за унапредување на ИТ-инфраструктурата на Управата.
„Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата“ информираат од УЈП.
Оттаму додаваат дека системот ќе биде повторно ставен во функција по завршување на активностите.
























