Од 1 јули до 31 август забрана за движење во шума

Papradiste suma

Од среда (1 јули) започнува целосната забрана за движење во шумите поради зголемена опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, мерка што ќе трае до 31 август, соопшти министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Zito baner

„Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат“, информира МЗШВ.

Agria

Од таму додаваат дека за непочитување на забраната за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе бидат затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: