ЦУК: Пет пожари сè уште активни низ државата, шест се изгаснати

Pozar Drenovo

До 18 часот на територијата на државата се евидентирани 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Zito baner

Активни пожари има во Куманово, каде што во населбата Перо Чичо гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде што огнот зафатил ниска вегетација и садници.

Agria

Активен е и пожарот на депонијата во Пехчево, како и пожарот меѓу селата Тркање и Бање во Општина Чешиново-Облешево, каде што гори ниска вегетација. Пожар е регистриран и во близина на Злетовска Брана во Општина Пробиштип.

Под контрола е ставен пожарот кај селото Дворци во Општина Пласница, каде што горела депонија. Во текот на денот целосно се изгаснати шест пожари на подрачјата на Валандово, Инџиково, Старо Нагоричане, Врапчиште, Свети Николе и Дебар.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: