Неплатени сметки, пет судски постапки: Спор меѓу поранешен градоначалник и комунално претпријатие

Наместо една тужба за сите неплатени фактури, добил тужба за секоја од петте сметки кои не ги платил. Шеесет и едногодишниот Глигур Коцев од Градско тврди дека Јавното комунално претпријатие „Клепа“ повело пет одделни постапки за наплата, па наместо еднаш, адвокатски, нотарски и извршителски трошоци му биле пресметани петпати. Не го спори долгот за водата, туку начинот на кој, според него, тој повеќекратно се зголемил.

Zito baner

„Долгот од 10 илјади денари со нотарски и извршителските би стасале некаде околу 16 илјади денари, на овој начин како што ги поставил директорот работите работите, а се со една единствена цел мислам за него онаа негова организирана шема која веќе си ја има направено тој како директор на Јавно комунално претпријатие, адвокат, нотар,  извршител, секој со својот интерес да стигнат до некоја сума која што мене многу ми значи, но и за нив сигурно им значи што така го работат тоа“, вели Коцев

Agria

Коцев добро ги познава процедурите. Тринаесет години бил градоначалник на Градско и затоа се сомнева дека во неговиот случај не станува збор само за административна постапка. Верува дека причината е стара лична нетрпеливост со сегашниот директор на комуналното претпријатие.

„Ако како грев се смета да вработиш млад човек да му дадеш шанса да работи да обезбедува егзистенција за својата фамилија, тогаш голем грев е тоа. Актуелниот директор на комуналното претпријатие, имаше еден период кога неговите желби и афинитети пораснаа, сакаше да биде кандидат за градфоначалник, сакаше да биде градоначалник на општина Градско, додава Додава Коцев.

Во комуналното претпријатие имаат поинаква верзија. Директорот Ванчо Цветков тврди дека Коцев двапати добил можност долгот да го отплаќа на рати без дополнителни трошоци, но не ги испочитувал договорите.

„Во два наврати правевме договор, првиот договор не го испочитува, се заврши на извршител, исто и за вториот пат, потпишавме договор за да не одиме на извршување да си ги плати долговите без каматим без нотарски трошкови и така натаму, меѓутоа и тоа не го испочитува, и на крајот заврши како што заврши на извршител. За она што не обвинува дека со адвокатот имам нешто, овој адвокат е ангажиран од претходниот директор, јас кога дојдов како директор веќе работеше, и работеше на такви случаи со претходните клиенти., вели диркеторот Цветков.

Адвокатот Никола Стојков кој го застапува претпријатиетовели дека законот дозволува доверителот сам да одлучи дали ќе поднесе една или повеќе тужби. Во случајот на Коцев, објаснува, било избрано секоја сметка да биде посебен предмет за да не се закочи наплатата на целиот долг ако биде оспорена една фактура. За комуналното претпријатие ова е законска постапка, а за Глигур Коцев пример како една одлука може повеќекратно да ја зголеми цената на неплатените сметки.

Извор на веста: Телевизија 24

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: