МВР: Во викенд-акција уапсени 13 лица, запленети 79 пакувања дрога и пиштол „Глок 17

Во рамки на засилените активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, полицискиот Работен тим (Task Force) спроведе координирани акции на територијата на целата држава.

Zito baner

Во текот на викендот биле извршени 13 претреси, при што полициските службеници извршиле проверки на 197 возила и 295 лица.

Agria

Како резултат на акцијата, од слобода биле лишени 13 лица, а биле пронајдени и одземени 79 пакувања со наркотични материи.

При активностите бил пронајден и пиштол „Глок 17“ со муниција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека продолжуваат со континуирани акции насочени кон откривање на сторители, разбивање на криминални мрежи и спречување на нелегалната трговија со дрога.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: