Петмина осомничени и четири фирми пријавени за злоупотреба на државни субвенции

pari, denari

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против четири правни лица од Пробиштип, нивните сопственици и управители Г.Д.(60) од Штип, Т.А.(63) од Пробиштип, Н.И.(50) од Пробиштип, О.Ч. (58) од Пробиштип, како и И.П. од Пробиштип, вработен во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство”, „злоупотреба на службената положба и овластување” и „перење на пари и други приноси од казниво дело”.

Zito baner

Пријавените правни лица и управителите во договор со И.П.(раководител на Центарот за вработување во Пробиштип во време на случување на делата) се пријавиле за учество за добивање неповратна финансиска помош, како предвидена мерка на Владата од 2024 година за вработување на целна група- невработени лица Роми, односно на незаконски начин и противправно го оствариле правото, вработувајќи лица кои не биле Роми по националност и имале претходен работен стаж, а кој незаконски им бил избришан во АВРСМ.

Agria

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: