Изградбата на новиот мост кај Башино Село повторно беше тема на критики од страна на СДСМ. Советничката Мирјана Петрушевска Савова обвини дека проектот останал само предизборно ветување на актуелниот градоначалник, иако, како што вели, бил најавуван и во неговата втора предизборна програма.
Савова обраќајќи се од локацијата кај мостот во Башино Село, Петрушевска Савова рече:
„Вистинска благодет е да имате ваква локална власт. Кога ќе дојде невреме не треба да се грижите за паднатите дрвја кои што се наоѓаат на башиноселскиот мост, туку слободно можете да го користите новиот мост кој што го имаме како хартија и како ветување од актуелниот градоначалник веќе втор пат, односно веќе во втора негова предизборна програма“, вели таа.
На крајот од своето обраќање, Савова упати прашање до градоначалникот Колев и до премиерот Христијан Мицкоски кога ќе завршат, како што рече, предизборните лаги и ветувања од кои граѓаните досега не виделе реализација.
Погледнете ја целосната видеоизјава на советничката Мирјана Петрушевска Савова во видеото подолу.






















